November 29, 2022, 4:09 pm

Села: Изјавите на Заев се логика од Средниот век, законот е јасен, вкупниот број на населението е збир на резидентното и нерезидентното население

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овие изјави на премиерот Зоран Заев се логика од Средниот век и се однесува како владетел, бидејќи во тоа време правата на граѓаните зависеле од добрата волја на владетелот или царот, истакна претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот дека пописот нема да доведе до ретроградни процеси.
Села изјави дека точно предвидел што ќе се случува со пописот уште кога бил одложен.
– Ние сме тука за да почитуваме закон, а законот е јасен, дека вкупниот број на населението е збир на резидентното и нерезидентното население. Овие изјави на премиерот се логика од Средниот век и се однесува како владетел, бидејќи во тоа време правата на граѓаните зависеле од добрата волја на владетелот или царот. Не живееме во такво време, рече Села.
Ние имаме потреба, истакна тој, правата кои следуваат да бидат гарантирани и наместо празни зборови треба реално да се седне и овие дефиниции кои даваат привременост треба да се заменуваат со точни дефиниции за албанскиот јазик

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This