дома Политика СЕЛА КРЕВА ЧАЛАМ, ЗАЕВ БАРА РЕЗЕРВА: Средба Тачи-Заев по најавите на Села...

СЕЛА КРЕВА ЧАЛАМ, ЗАЕВ БАРА РЕЗЕРВА: Средба Тачи-Заев по најавите на Села дека ќе си заминел од владата!

Овој состанок ќе се одржи како последица на постојаните притисоци на лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села за донесување на законот за употреба на албанскиот јазик,во првите 100 дена од Владата на Заев


Деновиве се очекува да се одржи средба помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДПА Мендух Тачи, дознава ИНА од извори блиски до СДСМ.

Овој состанок ќе се одржи како последица на постојаните притисоци на лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села за донесување на законот за употреба на албанскиот јазик,во првите 100 дена од Владата на Заев, и можноста за заминување на ДР-ДПА од владата

Иако ДР-ДПА е во завршна фаза за поделба на ресорите, сепак, оваа партија континуирано врши притисок да се донесе законот за албански јазик.

И вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор, Хазби Лика, рече дека законот за албанскиот јазик треба и ќе се донесе во првите 100 дена од владеењето.