дома Македонија СЕЛА ПОТВРДИ ШТО ПРИФАТИЛ ЗАЕВ: Ќе гласам за законот за јазици според...

СЕЛА ПОТВРДИ ШТО ПРИФАТИЛ ЗАЕВ: Ќе гласам за законот за јазици според договорот кога се формираше Владата

Лидерот на коалицијата Алијанса за Албанците, Зијадин Села,ќе го поддржи законот за двојазичност. Тој притигна во Собранието каде се очекува почетокот на седницата за законот за јазиците.

„Не сум дел од Владата, дојдов да гласам за закон според договорот што го имавме кога се формираше Владата“, накратко изјави Села.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.