дома Македонија СЕЛЕКТИВНА АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ: Обвинетите сами ќе поднесуваат барање

СЕЛЕКТИВНА АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ: Обвинетите сами ќе поднесуваат барање

Подгрупата за помирување во Собранието изготви Предлог закон за амнестиоја што денеска ќе биде доставен до копретседавачите на Комисијата, за тој што побрзо да биде донесен.

Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група, кој ја предводи оваа подгрупа, изјави дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање. Според него, со Предлог-законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко нас илство за време на настаните од 27 април лани во Собранието.

-Сите лица опфатени со овој судски процес ќе треба поединечно да поднесат барање за амнестија, посочи .
Се очекува Интерпарламентарната група за интеграција и помирување денеска да се состане и да го разгледа предлог законското решение за амнестија, што се предлага да се донесе по скратена постапка.