дома Политика СЕЛО ГОРИ, БАБА СЕ ЧЕШЛА: Самка Ибраимовски фатен како си гледа фудбал...

СЕЛО ГОРИ, БАБА СЕ ЧЕШЛА: Самка Ибраимовски фатен како си гледа фудбал додека трае седницата за интерпелација

 Можеби ќе помислите така но тоа не е реалноста. Имено Самка Ибраимовски многумина заборавија дека беше министер за привлекување на странски инвестиции. За време на своето министерување Самка при својата посета на Шпанија успеал да направи договор со Реал Мадрид да инвестира во Македонија доколку ја освои Лигата на Шампиони.

Токму поради оваа причина Ибраимовски будно го следеше натпреварот од кој зависи милионската инвестиција во Македонија која ќе отвореше илјадници работни места. Не се работи за незаинтересираност туку посветеност на своето поранешно работно место.