дома Македонија СЕУШТЕ ТЕЧАТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗАЕВ-КАСАМИ: Седницата за уставни измени е одложена за 15...

СЕУШТЕ ТЕЧАТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗАЕВ-КАСАМИ: Седницата за уставни измени е одложена за 15 часот

Собраниската седница за уставни измени е одложена за 15 часот. Иако првично беше закажана точно на пладне, спикерот Талат Џафери ја одложи седницата поради тоа што се уште течат преговорите меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на БЕСА Биљал Касами за договор околу уставните измени, особено во делот на дефинирање на државјанството.

Поради тоа Заев и Касами не пронајдоа заеднички јазик, и вчера парламентарната седница беше двапати одложувана, за на крајот да биде презакажана за денес.