дома Македонија СЕФОВИТЕ НА БИХАЌКА ПРЕПОЛНИ: СДСМ ги дуплирал приходите, собрал над илјада донации...

СЕФОВИТЕ НА БИХАЌКА ПРЕПОЛНИ: СДСМ ги дуплирал приходите, собрал над илјада донации и зел нов кредит

Во изминава 2018 година, СДСМ остварил вкупни приходи во износ од скоро 2 милиони евра (122.930.706 денари), што е за речиси двојно повеќе во споредба со 2017 година, кога во касата на владејачката партија легналe приходи во износ од над еден милион евра (1.093.481 денари).

Според годишната сметка на партијата доставена до Централниот регистар, расходите на партијата минатата година изнесувале 1.6 милиони евра (102.467.847 денари), а во 2017 година расходите биле околу еден милион евра (61.898.220 денари), што значи дека вишок приходи останале 333 илјади евра (20.462.859 денари), односно 87 илјади евра (5.350.899 денари).