White Claw Hard Seltzer, американска компанија која се занимава со прозводство на пијалоци сака да испрати двајца авантуристи на животно патување.
Компанијата бара една жена и еден маж и на секој од нив ќе им додели џепарлак од 60 илјади долари.
За време на патувањето не мора да правите ништо посебно, туку само да го документирате целото патување и најубавите моменти од истото да ги споделите со другите покажувајќи им дека вие го живеете најубавиот живот на светот. Услов за пријавување е да имате наполнето 25 години.
За жал, работите не се баш идеални како што на прв поглед изгледаат бидејќи на крајот од конкурсот се наоѓа услов според кој на огласот може да аплицираат само американски државјани.