February 6, 2023, 9:33 am

Се евakyираат неподвижни лица и имот по пожарот во месноста Пасјак во пехчевско-делчевскиот регион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жители близу месноста Пасјак во пехчевско-делчевскиот регион информираат дека ситуацијата со пожарот кој утрово избувна кај планината Средна е алармантна.
-Пожарот започна од утринава негде околу пладне. Гори Чуката, дел од Средна и поголем дел од пожарот се движи во правец кон селото Нов Истевник. Ситуацијата е навистина алармантна, бидејќи голема е опасноста да изгори цел Нов Истевник, вели Усаин Кампелезов, жител на соседното село.
Додава дека ветерот ја отежнува работата бидејќи е силен и бргу го шири пожарот. Според информација добиена од директорот на јавното комунално претпријатие Стојче Стојковски заедно со градоначалникот Горан Трајковски заедно вршат координација за текот на гаснењето. Додаде дека во моментот се врши евакуација на неподвижни лица и имот.
Во пожарот како што претходно информираа од Територијалната противпожарна единица во Делчево гори високо-стеблеста борова шума. Како што додадоа со поддршка на колеги од Берово и Пехчево, се прават натчовечки напори со сите расположливи ресурси да се влијае за намалување за огнената стихија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This