дома Локално СЕ ЗАПАЛИ ЗГРАДАТА НА НАСТЕЛ:Опожарени два стана на „Настел“ во Тафталиџе

СЕ ЗАПАЛИ ЗГРАДАТА НА НАСТЕЛ:Опожарени два стана на „Настел“ во Тафталиџе

Попладнево изби пожар во зградата што ја гради компанијата „Настел“ во скопската населба Тафталиџе, во близина на поранешна Алумина.

Командирот на скопската Противпожарна бригада, Ѕвонко Томевски, за НОВА вели, пожарот избил додека работници работеле на објектот а се претпоставува дека причина за пожарот била искра за време на изведување на градежни активности врз стиропорна фасада.

Нема повредени работници, а пожарот е локализиран со пет протипожарни возила.

Опожарени се два стана во изградба.