дома Хроника Се запали „Мерцедес“ во движење на патот Гостивар-Кичево

Се запали „Мерцедес“ во движење на патот Гостивар-Кичево

Околу 15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај каменоломот, дошло до опожарување на возило „Мерцедес“ со хрватска национална ознака, управувано од 75-годишниот М.Г. од Хрватска, кое било во движење.

Од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.