дома Хроника СЕ ЗАПАЛИ ФАБРИКА КАЈ КВАНТАШКИ: Дуир пет противпожарни возила го гаселе пожарот...

СЕ ЗАПАЛИ ФАБРИКА КАЈ КВАНТАШКИ: Дуир пет противпожарни возила го гаселе пожарот на Кванташки!

Пожар избувна вечерва во фабриката за пелети во близина на Кванташки паза, дознава Курир.

Од МВР за Курир ја потврдуваат информацијата истакнувајќи дека околу 20:20 часот добиле пријава за пожар на улицата „Вера Радосављевиќ“, поточно во фабриката на пелети „Вертиго Дизајн“. Пожарот кој избувнал од засега непознати причини, бил локализиран и изгаснат од 5 против пожарни возила. Повредени лица нема, а според првичните информации целосно изгорел хангарот кој служел како погон за репарирање на еуро пелети, виљушкар и разен алат.

Од полицијата додаваат дека увид ќе се врши во текот на утрешниот ден.