дома Македонија Се затвopа фабриката „Гришко“ единствената фабрика за балетски чевли во Македонија

Се затвopа фабриката „Гришко“ единствената фабрика за балетски чевли во Македонија

Се затвoра фабриката „Гришко Македонија“, која беше отворена во 2012 година во селото Слeчпе, Демир Хисар, и која се занимава со производство на балетски опреми и опрема. Погонот беше инвеистиција на познатата руска компанија „Гришко“ која произведува папучи, чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности.

Сопственикот се рeшил да го затвoри погонот во нашата земја, и пред фабриката веќе може да се забележат камиони кои ги изнесуваат работите.

Директорот на „Гришко“, Николај Гришко, во октомври 2012 година беше во Македонија и имаше средби со тогашни владини функционери, и се реши да инвестира во земјава со погон за производство, главно, на балетски чевли.