дома Македонија Се намалува бројот на вработените во индустријата

Се намалува бројот на вработените во индустријата

За 0,7 проценти намален бројот на работници во индустријата на месечно нив.

Бројот на работниците во индустријата во јуни годинава, во однос на истиот месец лани е намален за 0,7 отсто, додека во периодот јануари – јуни 2021 споредено со истиот лански период намалувањето изнесува 2,4 проценти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи опаѓање од 7,2 проценти, во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија од 0,1 процент.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во претходниот месец на годишно ниво бележи опаѓање кај Енергија за 3,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 проценти, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 проценти, Капитални производи за 8,1 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 проценти.