дома Балкан Се огласи Вучиќ по cмртта на српскиот патријарх Иринеј

Се огласи Вучиќ по cмртта на српскиот патријарх Иринеј

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се огласи по cмртта на српскиот патријарх Иринеј.

-Чест ми беше што ве познавав. Таквите како вас никогаш не заминуваат, напиша Вучиќ на социјалните мрежи објавувајќи црно бела фотографија од патријархот на СПЦ.

Патријархот Иринеј (90) почина денеска во Воено медицинскиот центар Карабурма. Тој беше хоспитализиран поради коронавирус откако неговата здравствена состојба се влошила. За неговиот живот се бореа руски и српски лекари.