дома Актуелно СЕ ОГЛАСИ НИКОЛА ГРУЕВСКИ: Предлогот Северна Македонија е неприфатлив

СЕ ОГЛАСИ НИКОЛА ГРУЕВСКИ: Предлогот Северна Македонија е неприфатлив

И поранешниот премиер Никола Груевски се огласи за новиот предлог за името – Северна Македонија. Тој на социјалната мрежа фејсбук објави две негови изјави од времето кога беше премиер, истакнувајќи дека предлогот Северна Македонија е неприфатлив за него.

-Јавно отфрленото во 2009-тата – денес прифатено, но во далеку полоша верзија. Не само за надворешна, туку и за целосна внатрешна употреба, плус промена на уставот, откажување од дијаспората, историјата, АСНОМ, Илинденското востание и идентитетот, напиша Груевски.

Тој прикачи две видеа: