дома КОВИД-19 (Коронавирус) Се огласи сопругата на Зибери со детали за нeговата состојба

Се огласи сопругата на Зибери со детали за нeговата состојба

По информациите дека пратеникот на ДУИ, Арбен Зибери е хоспитализиран на Инфективната клиника на неговиот Фејсбук профил информацијата ја потврди неговата сопруга и напиша дека сега неговата состојба е стабилна.

Според објавата, по тестирањето за Ковид – 19 и влошувањето на здравствената состојба Зибери бил примен на Инфективната клиника, напиша сопругата.

-Од вчера неговата состојба е постабилна и се подобрува. Грижете се за себе и зaштитете ги своите роднини, порача таа.