Жаклина Беридо Пизано е 48 годишна модна блогерка, позната како @realfashionist на социјалната мрежа Instagram, каде ја следат повеќе од 403.000 луѓе.
На прв поглед се забележува дека инвестира многу во својот изглед и луксузна гардероба. Таа служи како инспирација за многу жени во светот, па и многу помлади од неа.
Дојде и тој ден. Најубавата баба повеќе не е сингл. Судбоносното „ДА“ му го кажа на згодниот Италијанец, кој го нарекува „Господин Совршен.
50-годишната Жаклина Пизано е најпозната и сигурно најмодерна српска баба на Инстаграм. Деталите од својот приватен живот долго ги споделуваше јавно, а сега се омажи и сите детали од свадбата ги сподели на социјалните мрежи.
Името на младоженецот се уште не е познато, но познат е надимакот „Господин Совршен3 кој го доби од својата сопруга.
Раскошната церемонија била одржана во луксузен амбиент на југот од Италија, а невестата променила дури 4 венчаници.
Освен две бели, блеснала и во жолт фустан од тул, достоен за една принцеза.
Судејќи според нивните заеднички фотографии, заедно се уште од 2016 година, а истата година на Божиќ, трагично настрадал синот на Жаклина, Стефан, кој го добила од првиот брак.
Жаклина има и 30-годишна ќерка и две внуки чии фотографии од време на време ги објавува на Инстаграм, но се труди да им ги крие лицата.
Таа вложува големи суми за својот изглед и гардероба, но позади нејзиниот беспрекорен изглед се крие голема тага. Во 2016. година таа го изгубила својот син во сообраќајна несреќа во Белград. Оттогаш на секоја фотографија го става хаштагот #rememberstefan, во сеќавање на Стефан кој го нарекува свој ангел чувар.
Родена е во Белград, но веќе многу години живее во странство. За Жаклина и нејзиниот живот пишуваат многу модни магазини. Соработува со бројни луксузни брендови, а нејзиното тело навистина е префектно.
„Јадам многу овошје и пијам многу вода. Јадам по едно авокадо на ден, не пушам и не пијам. Јадам риба, морски плодови, месо и зеленчук. Од свои 10 години барем 45 минути на ден вежбам. Неопходно е редовно да се вежба. Ја негувам и својата душа“, открива Жаклина.