дома Македонија СЕ ПРАВИ ЕПИДЕМИОЛОШКА АНКЕТА: И Спасовски најверојатно ќе оди во изолација

СЕ ПРАВИ ЕПИДЕМИОЛОШКА АНКЕТА: И Спасовски најверојатно ќе оди во изолација

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција ги наброи функционерите од СДСМ, кои веќе имале контакти со потпретседателот Мухамед Зекири и кои одат во самоизолација.

Тој потврди дека и техничкиот премиер Оливер Спасовски најверојатно ќе оди уште две недели во самоизолација.

Покрај Зекири, позитивна на Ковид 19 е и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, а во самоизолација се вицепремиерката Мила Царовска, Марјан Забрчанец и министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.