дома Актуелно СЕ ПРОДЛАБОЧУВААТ РУСКО-МАКЕДОНСКИТЕ ВРСКИ: Отворен новиот Руски конзулат во Битола, Сергеј Самсоненко...

СЕ ПРОДЛАБОЧУВААТ РУСКО-МАКЕДОНСКИТЕ ВРСКИ: Отворен новиот Руски конзулат во Битола, Сергеј Самсоненко е новиот конзул!

Продолжува зацврстувањето и продлабочувањето на врските помеѓу народите кои што „биле, се и ќе бидат братски“, изјави почесниот конзул на Руската Федерација во Битолскиот дипломатски округ Сергеј Самсоненко, додавајќи дека Македонскиот и Рускиот народ се еден единствен народ кој треба да биде сплотен и во добро и во лошо

На 31 август во Битола се одржа свечено отворање на новите простории на почесниот конзулат на Русија во Битола. Меѓу многубројни гости на свечената церемонија беа присутни Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, заменикот-министер за надворешни работи на Македонија, г-дин Илија Исајловски, членови на Владата и на Собранието на Република Македонија, Поглавар на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан, претставници на локалната управа на Битола и на другите општини кои се вклучени во конзулскиот округ, на дипломатскиот кор, на културни и деловни кругови, а исто така почесни конзули на други земји, руски сонародници и претставници на здруженија за македонско-руско пријателство.

Во својот поздравен говор рускиот Амбасадор истакна дека „оваа година е наполнета со добри настани, поврзани со дејноста на почесните конзули кои традиционално играат важна улога во развој на трговско-економски, културни и хуманитарни врски меѓу државите придонесуваат за зближување и заемно разбирање меѓу народите“. „Оваа година во мај свечено го отворивме почесниот конзулат во Охрид. Денес учествуваме во отворањето на новите простории на руски почесен конзулат во другиот конзулски округ со центар во Битола. Тоа е добар знак дека руско-македонски односи се унапредуваат, добиваат нова динамика и димензија“ – подвлече тој.

Амбасадорот на новиот почесен конзул на Русија, бизнисмен Сергеј Самсоненко, му врачи егзекватура – документ кој на почесeн конзул му овозможува да почне да ги извршува своите обврски – и изрази увереност дека тој „со неговата енергија и насоченост кон целта ефикасно ќе врши функција на почесен конзул во овој конзулскиот округ кој игра посебна улога за односите меѓу нашите духовно блиски народи”.
По официјалното отворање новите работни простории на конзулатот ги освети Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан.
Церемонијата се заврши со спектакуларен концерт на ѕвездите на македонската популарна сцена, Е.Ристеска и руската сонародничка В.Лоба.