Се растурија пред да се соберат. Така некако би можел да се опише јаловиот обид на „чадорот“ преку црпковци како Заев да ја руши вољата на народот. На едно место собрани аболицирани криминалци, убијци, осомничени за тероризам, финансиски криминал и што ли уште не, го искористија и тој малку народ што им веруваше за на крајот тие да си се наместат, а членството и коалиционите партнери да ги пуштат низ вода
По оставката на Куновска, Николовски и Сугаревски кој му порача на Заев дека ги изневерил, гласни се и реакциите на тврдокорните опозиционери од новинарската фела и од таканаречениот „граѓански“ сектор, кои буквално беа коњи за трка без кои Заев немаше реално да постигне ништо.
Последна во низата реакции и напуштање на политиките на Заев е и партијата на Самка Ибраимоски чиј потпретседател излезе со соопштение на кое најавува растурање на коалицијата и ги повикува ромите да не гласаат за СДСМ.
Со почит
М-р Агуш Демировски
Потпретседател на ПЦЕР[/kopa_block_quote]
Од другастрана пак, благодарение на еднаквоста на Ромските партии во владеачката коалиција, кои неуморно се борат за правата на Ромската етничка заедница, предизвикаа низа позитивни промени и го вратија достоинството кај Ромскиот народ.