дома Македонија СЕ СОБЛЕКЛА: Катица Јанева по долна облека влегла во Државен Завод за...

СЕ СОБЛЕКЛА: Катица Јанева по долна облека влегла во Државен Завод за Ревизија

Поранешната јавна обвинитeлка Катица Јанева од Основниот Кpивичен Суд била спроведена во Државен Завод за Ревизија каде го нарушила јавниот ред и мир, односно се соблекла и во салата присуствувала во долна облека во присуство на повеќе лица, при што одбила да даде било каква изјава, дознава „Република“.

На 03.06.2020 година во 10.30 часот лицето К. Ј. со престојувалиште на ул.Иво Лола Рибар од Основен Кpивичен Суд – Скопје била спроведена од нејзиниот дом до Државен Завод за Ревизија , во Палата Емануел Чучков. Веднаш откако започнал официјалниот работен состанок со претставници на ДЗР во сала бр.03 горенаведената по чл.4 од ЗППЈРМ го наруши јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место на тој начин што во еден момент ја соблекла својата облека и останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица и истата одбила да даде било каква изјава во врска со настанот. Од страна на Т-420 сочинет записник за констатиран прекршок по чл. 4 ЗППЈРМ кој одбила да го потпише и прими.