дома Свет СЕ СОСТАВУВА ТИМОТ: Урсула фон дер Лајен го состави тимот кој ќе...

СЕ СОСТАВУВА ТИМОТ: Урсула фон дер Лајен го состави тимот кој ќе раководи со Европската Комисија

Новата претседателка на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, која во ноември ќе го преземе управувањето со извршната власт во Брисел, го заврши составот на својот тим за следните пет години.

Нејзината предложена листа го вклучува и поранешниот италијански премиер Паоло Џентилони. Фон дер Лајен, која ќе го замени Жан-Клод Јункер, речиси постигна совршена полова рамноправност во идната Комисија, во која ќе има 14 мажи и 13 жени.

Велика Британија која треба да ја напушти ЕУ на 31 октомври нема одредено свој кандидат. Фон дер Лајен утре попладне ќе го претстави списокот со имињата на идните еврокомесари и ќе ги соопшти деталите околу распределбата на одговорностите во новата Европска комисија.

Нејзиниот тим мора прво да биде одобрен од Европскиот парламент