дома Политика СЕ СПРЕМААТ ЛИ ЗА ИЗБОРНА КАМПАЊА? Власта ја измени уредбата за огрaничување...

СЕ СПРЕМААТ ЛИ ЗА ИЗБОРНА КАМПАЊА? Власта ја измени уредбата за огрaничување на бројот на учесници на конференции

Владата денеска ги донесе измените и дополнувањата на протокол за одржување на седници на органи на управување и конференции, според кој бројот на учесници не е огрaничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5 до 2 метри.

Од Владата соопштија дека и понатаму остануваат задолжителното носење заштитни маски на учесниците во текот на целиот настан, задолжителното обезбедување на средство за дезинфекција на рацете и на просториите, честото проветрување на просториите со задолжителни паузи, како и ограниченото групирање на присутните на не повеќе од пет лица со задолжително одржување на физичко растојание.