дома Сцена СЕ УРНА АВИОНОТ НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

СЕ УРНА АВИОНОТ НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

Тешка несреќа преживеа приватниот авион на Кристијано Роналдо, кој се урна во текот на слетувањето на пистата на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона.

Според првите информации причина е дефект на тркалата, но добра вест е тоа што нема жртви, освен што пилотот е полесно повреден.

Ниту Роналдо, ниту членовите на неговото семејство не биле во авионот за време на несреќата. Имено, освен за приватни цели Роналдо го користи авионот и за изнајмување на компании, а во време на несреќата бил изнајмен. Информацијата ја објави шпанскиот весник „Спорт“.

Инаку, се работи за скапа играчка Голфстрим Г200, која чини 20 милиони евра.