дома Македонија СЕ ЧЕКА ИЗВЕШТАЈОТ: Заврши средбата во Приштина за блокадата на косовските власти...

СЕ ЧЕКА ИЗВЕШТАЈОТ: Заврши средбата во Приштина за блокадата на косовските власти за увоз од Македонија

Заврши средбата во Приштина меѓу македонскиот министер за економија, Крешник Бектеши и неговиот косовски колега, Ендрит Шала. Двајцата се согласија дека до петок Агенцијата за храна и ветеринарство од Косово ќе испрати извештај до македонската Агенција за храна, со анализа на соодветната програма за следење на производите, во овој случај на икра и материјал за порибување од Косово, пренесува „косова прес“.

Косовскиот министер Шала рече дека само откако ќе се отстранат бapиерите за риби, може да се уkине pеципроцитетот за мeдот и kомпирот, додека Бектеши го пренесе ставот дека одлуката ќе биде донесена откако ќе ги добијат документите од косовската АХВ. Тој додаде дека се преземени мерки против сите држави кои не ги исполнуваат стандардите што ги бара Македонија.