дома Македонија СЕ ЧЕКА И ДО 40 МИНУТИ: Колони возила на граничните премини

СЕ ЧЕКА И ДО 40 МИНУТИ: Колони возила на граничните премини

Како што информираат од АМСМ, на граничниот премин Табановце автомобилите се задржуваат од 20 до 40 минути.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.