дома Социјални Мрежи СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ЛИ ГОРДИ: Влатко Ѓорчев за малтретирањето на Сашко Кедев од...

СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ЛИ ГОРДИ: Влатко Ѓорчев за малтретирањето на Сашко Кедев од страна на СДСМ

– Се чувствува ли некој во оваа влада горд што го малтретирате Сашко Кедев, што го деградирате неколку скалила? Анонимуси го деградираат Сашко Кедев, знаете ли која ќе биде последицата? Последицата ќе биде ако Кедев отиде во приватно или во странство. И после тоа 300, 400 или 500 луѓе кои што требало да ги оперира во Македонија или ќе треба да даваат за приватно или ќе треба да собираат пари со донации за да одат во странство, праша денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на расправа за гласање на недоверба на владата на СДСМ.

Ѓорчев потенцираше дека само во Македонија се случува политички прогон на лица кои имаат различно мислење од оваа влада. Тој го спомена и единствениот македонски градоначалник во Албанија, Пустец, Едмонд Темелко кој е во лоша здравствена состојба, а се наоѓа во притвор и врз него се врши политички реваншизам.