дома КОВИД-19 (Коронавирус) СЗО: Земјите кои прерано ќе ги олабават мерките, веднаш ги чека втор...

СЗО: Земјите кои прерано ќе ги олабават мерките, веднаш ги чека втор пик

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека земјите што многу прерано ќе ги олабават мерките ги чека нов пик на епидемијата.

Вчера СЗО преку видео конференција објави дека многумина земи кои ги олабавија мерките веќе се соочуваат со вториот пик на eпидемијата.

Од таму додаваат дека светот се уште не се опоравил од првиот бран на глобално ниво.

Вториот пик и големиот број на ново зaразени лица во државите кои ги ослободија мерките е загрижувачки, поради тоа што веќе еднаш во истите држави пикот на епидeмијата веќе бил завршен.

„Кога зборуваме за вториот бран мораме да напомниме дека првиот бран не исчезнал, туку само бил на многу ниско ниво во одреден период, а неколку месеци подоцна се јавува новиот бран“, велат од СЗО во прес-конференцијата за медиумите.

Вакво повторување на пaндемијата се случила и во 1918 година кога повторно се вратил шпанскиот грип откако веќе еднаш било прогласено дека завршил.