дома КОВИД-19 (Коронавирус) СЗО повикува на мораториум за трета доза од вакцината против Ковид-19

СЗО повикува на мораториум за трета доза од вакцината против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) повика на мораториум за давање трета засилувачка доза на вакцини против Ковид-19 барем до крајот на септември, изјави во средата нејзиниот директор Тедрос Гебрејесус.
Ова ќе овозможи најмалку 10 проценти од населението во секоја земја да се вакцинира, нагласи тој.

„Разбирам дека сите влади сакаат да го заштитат својот народ од делта варијантата. Но, не можеме да прифатиме дека земјите кои веќе искористија поголем дел од глобално достапната вакцина, да искористат уште повеќе”, рече тој.

Соединетите Држави потпишаа договор со Pfizer и BioNTech во јули за купување 200 милиони дополнителни дози на вакцина против Ковид-19 за вакцинирање на младите и вакцинирање на стари лица.

„Наместо тоа, треба да се фокусираме на оние луѓе кои се најранливи, најмногу изложени на ризик од сериозни болести и смрт, за да ја добијат првата и втората доза“, рече директорката на СЗО за вакцини, Кетрин О’Брајан.