дома КОВИД-19 (Коронавирус) СЗО: Пoмaлкy oд 10 oтcтo oд cвeтcкaтa пoпyлaциja имa aнтитeлa нa Koвид-19

СЗО: Пoмaлкy oд 10 oтcтo oд cвeтcкaтa пoпyлaциja имa aнтитeлa нa Koвид-19

„Помалку од 10 отсто од светската популација има антитела на коронавирусот, а вакцинацијата е единствениот начин да се постигне колективен имунитет“, изјави Сумија Суминанатхан, главен истражувач во СЗО.

Во интервјуто Суминанатхан истакна дека СЗО ги следи студиите што ги анализираат жариштата на инфекцијата во некои градови низ светот. Иако истражувањата покажуваат дека понекогаш речиси половина од населението во големите, густо населени градови имаат антитела кон коронавирусот, ова не ни дозволува да зборуваме за постигнување колективен имунитет.

„СЗО ги следи овие серо-епидемиолошки студии и ако ги погледнеме заедно, ќе видиме дека помалку од 10 отсто од светската популација има антитела кон вирусот“, рече Суминанатхан.

Единствениот начин да се постигне имунитет во целиот свет е преку вакцинацијата, потенцира Суминанатхан.