October 1, 2022, 9:07 am

СЗО одобри уште една вакцина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри вакцината против корона вирус на американската компанија „Новавакс“ и „Серум“ институтот во Индија, што ја отвора вратата за нејзино вклучување во програмата Ковакс.

Вакцината позната како „Ковавакс“ (CovavaxTM) е деветта вакцина одобрена од СЗО за итна употреба.

Иако долго се очекуваше дека вакцината „Ковавакс“ ќе придонесе за зголемување на глобалните испораки, бидејќи таа може да се чува во обичен фрижидер, прашање е колку дози и кога Институтот може да испорача.

Одобрувањето на вакцината треба да го зголеми пристапот до вакцини, особено во посиромашните земји, од кои 41 сè уште не вакцинирале ни 10 отсто од населението, додека 98 имунизирале помалку од 40 проценти.

Програмата Ковакс, поддржана од ОН, која е заслужна за испорака на вакцини против корона вирус во многу сиромашни земји, се очекува да добие околу 1,35 милијарди дози од вакцината „Ковавакс“ од „Серум“ институтот, што е најголемиот производител на вакцини во светот.

Вакцината на „Новавакс“ е сосема различна од најчесто користените вакцини за корона вирусот. Станува збор за протеинска вакцина, направена со постара технологија која со години се користи за производство на други видови вакцини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This