дома КОВИД-19 (Коронавирус) СЗО: Ha глoбaлнo нивo нaмaлeн бpoј на нoви cлyчaи нa зapaзeни: Hepaмнoмepнaта...

СЗО: Ha глoбaлнo нивo нaмaлeн бpoј на нoви cлyчaи нa зapaзeни: Hepaмнoмepнaта диcтpибуциja нa вakцинитe ce yштe e зakaнa зa eкoнoмиитe

Глобалните случаи на Ковид-19 се намалуваат, но нерамномерната дистрибуција на вакцини може да го одложи глобалното економско закрепнување и уште повеќе да ги остави назад земјите во развој, соопшти Светската здравствена организација.

Во неделата што заврши на 31 јануари, во светот беа пријавени 3,7 милиони нови случаи на коронавирус, што е за 13 отсто помалку од претходната недела, според последниот извештај за состојбата на СЗО за Ковид-19.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19, умерено опаѓаат од еден отсто во последната недела од јануари.

– Тоа е добра информација, но повеќе од три милиони нови инфекции „се уште се страшно многу луѓе“, изјави д-р Мајк Рајан, извршен директор на СЗО за итна здравствена програма.

– Дождот стивна, но сонцето се уште не изгреа, додаде Рајан за време на онлајн сесијата за прашања и одговори во седиштето на агенцијата во Женева.