дома КОВИД-19 (Коронавирус) Сигуpнo си е сигурнo: Примил 5 дoзи на вaкцинa, го фaтилe на...

Сигуpнo си е сигурнo: Примил 5 дoзи на вaкцинa, го фaтилe на шeстиoт oбид

Властите во Рио де Жанеиро во моментов истражуваат како еден локален жител успеал да прими најмалку пет дози од три различни вакцини против коронавирус.

Според официјалните податоци, неименуван маж започнал да прима вакцини против ковид -19 во мај, а потоа продолжил во јуни и јули, додека персоналот на станицата за вакцинација, кога човекот се обидел да ја добие шестата доза, не открил за што станува збор, пренесува “Одити централ”.

Извештаите добиени од бразилските медиуми покажуваат дека човекот прво ја примил вакцината Фајзер на 12 мај, а потоа АстраЗенека на 5 јуни.

Следна била дозата на Синовак на 17 јуни, по што Бразилецот отиде на втората доза на Фајзер на 9 јули и го заврши својот „маратон“ на 21 јули, исто така со Синовак.

Властите првично веруваа дека има недостатоци во електронските записи, меѓутоа, истрагата на Општинското одделение за здравство во Рио покажа дека не се случила грешка.

„Случајот се истражува со цел да се утврди дали имало грешка при регистрацијата во системот или некоја друга неправилност“, се наведува во извештајот на Општинското одделение за здравство.

За да бидат работите уште полоши, оваа вест дојде во време кога Бразил се соочува со недостаток на вакцини, додека милиони луѓе чекаат да ја примат првата доза.

Според извештаите, анонимниот човек се чувствува добро откако примил пет вакцини, и бил фатен како се обидува да ја добие шестата доза.