дома Социјални Мрежи СИЛНИ КРИТИКИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Само тежок крвник може да убие 57...

СИЛНИ КРИТИКИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Само тежок крвник може да убие 57 диви животни и да се фотографира со нив!

Масакрот кој пред одреден период се случил во националниот парк „Јасен“ во кој екс-премиерот и министер за внатрешни работи и актуелен директор на „Комерцијална Банка“ Хари Костов во друштво на Нано Ружин, екс-амбасадор на Македонија во НАТО и Бранко Бојчевски поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, предизвика силни реакции на социјалните мрежи


Во саботата на 31. март, за само неколку часа се отстрелани 57 диви свињи, од кои 21 трофејна, иако ловот на крупен дивеч во ловиштето „Јасен“ завршува заклучно со 31. јануари. Дел од ловџискиот тим за „масакр“ биле и Хари Костов (поранешен премиер и министер во МВР), Нано Ружин (поранешен амбасадор) и Бранко Бојчевски (поранешен директор на Бирото за јавна безбедност). За своето задоволство групата ловџии платиле само 2400 евра.

Ваквото крвожедно задоволство наиде на сериозни критики на социјалните мрежи, а меѓу останатите реагираше и аналитичарот Александар Пандов, кој напиша дека само тежок крвник може да направи вакво монструозно дело.

„Ловот е спорт во кој одредена група на другари и пријатели одат во природа на дружење, долги прошетки, опуштен муабет, добра капка ракија или вино и последното евентуално отсрелување на дивеч. За жал во ловот постојат ловџии ”месари”, кој целата своја крвожедност и манијакалност, желба за убивање и насилство ја истураат на кутрите животни. Несомнено Нано Ружин е таков пример. Само тежок крвник убива 57 животни, па макар биле и диви свињи, за да легнати на земја и облеани во крв тој се слика со нив. Друго прашање е кој и колку платил за овој помор. Да се потсетиме дека Јасен е национален парк, што ќе рече на сите нас, а не наследство на Ружин. Тоа дека за него и неговите не важат законите на Република Македонија и што од 31 јануари е забранет лов на дива свиња не е вредно ни да се спомнува. Конечно ве уверувам дека ова што го гледате на сликава е слика како Ружин и неговата тајфа ни ги водат и раководат институциите во Македонија“ – напиша Пандов на својот ФБ профил.

Реагираше и новинарот Миленко Неделковски, кој ги повика здруженијата за заштита на животните како „Анима Мунди“ да не се кријат и да излезат на протести, да бараат одговорност на ист начин како што бараа и претходно за далеку понесериозни случаи.