дома Социјални Мрежи СИЛЈАНОВСКА: Доста „танцуваа”, време е за оставки

СИЛЈАНОВСКА: Доста „танцуваа”, време е за оставки

Не e виновен народот. Виновниците секогаш имаат име и презиме, пишува професорката Силјановска Давкова на својот фејсбук профил.

Виновни се тие кои предлагаат карантин, а всушност предлагаат мерки кои доведоа до евакуација. Небаре не очекува некој ураган, со точно најавено време на удар, најчесто за викенди. Којзнае, можеби Комисијата за заштита од заразни болести и Владата развиваат и друга експертиза, за управување со кризи предизвикани од природни непогоди, додава таа.

Потребно е сите заедно да престанеме со сопствената колективна деструктивност и одговорноста да ја лоцираме таму кај што треба.

„Ја држиме ситуацијата под контрола“ не кореспондира со хаотичните мерки, водени од калкулантство и политиканство.

Доста „танцуваа“! Време е за оставки!

И, што вели нашиот д-р. Проф. емеритус З.З.? Избори на 5ти јули мора да има?