дома Македонија СИЛЈАНОВСКА: Нема поголема надеж од држава во која владее правото, не се...

СИЛЈАНОВСКА: Нема поголема надеж од држава во која владее правото, не се оди во ЕУ со кршење на владеењето на правото

Професорката Гордана Силјановска Давкова која е акутелен кандидат за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата на Само Вистина на Канал 5 истакна дека нема поголема надеж од држава во која владее правото. Притоа таа забележи дека не се оди во ЕУ со кршење на владеењето на правото, набројувајќи низа на случаи во кои власта изминативе неколку години го прави токму тоа.

-Нема поголема надеж од држава во која владее правото. Само таа надеж, владеење на правото е европска надеж се друго е мимикрија и камелеонизам. Не се оди со кршење на владеењето на правото во ЕУ, тоа е реторика. Од начинот на кој што се менуваше Уставот, до начинот на кој што се менуваше Кривичниот Законик, до амнестијата, до начинот на кој што се одвиваше референдумот, до она што се случува деновиве со притворите, до начинот на вработувања по најлош споил систем, наместо по мерит систем, нема ништо заедничко со Копенхагеншките критериуми. Тоа е типично за хомобалканикус, а не за хомоевропикус, потенцираше Силјановска.