дома Македонија Силјановска: Сомнителни јавни набавки и скандали од огромни размери во Фондот за...

Силјановска: Сомнителни јавни набавки и скандали од огромни размери во Фондот за здравствено осигурување во кои е инволвиран врвот на власта

Носителот на листа во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со здравствени работници со кои што разговараше за незадоволните пациенти и незадоволните работници во последните три години.

-Најголемата ЛАГА на оваа власт е можеби ветувањето за нов Клинички центар во Скопје. Па, иако цената за негова изградба ја зголемија неколкукратно на износ од околу 500 милиони евра, од новиот “Клинички” не видовме ништо. Впрочем, тоа и не ме изненадува кога е оваа неспособна власт во прашање. Сомнителни јавни набавки и скандали од огромни размери во Фондот за здравствено осигурување во кои е инволвиран врвот на власта, напиша Силјановска.

Таа на својата фејсбук страница ги изнесе детаљите околу остварената средба кои што може да ги прочитате во продолжение.