дома Македонија СИЛЈАНОВСКА СО ФОРМИЛА ЗА ТPAЕН MИP НА БАЛКАНОТ: Почит за сите малцинства,...

СИЛЈАНОВСКА СО ФОРМИЛА ЗА ТPAЕН MИP НА БАЛКАНОТ: Почит за сите малцинства, па и за македонското

Патот кон Европската унија не е Ориент експрес, на кој ќе се качите и ќе пристигнете во Брисел. ЕУ треба да ја создаваме овде и тука, порача од Демир Хисар профсорката Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат на Коализијата за заедничка Макеоднија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Пожелно е, добро е, природно е да живеете во мир со соседите, да разговарате, да преговарате. Најчесто велиме дека малцинствата се мостот за подобро разбирање. Исто така мислам на македонското малцинство кое живее во соседството, бидејќи Балканот е како кожа на леопард. никој не живее една нација во една држава. Секој некаде е мнозинство, некаде е малцинство. Истото важи и за македонската нација, рече Силјановска Давкова.

Сите нации се создадени порано или подоцна во 19 век, рече Силјановска, мислејќи на балканските народи. Македонската нација подоцна, но ако е така, и ако сите сме настанале во 19 век по формулата нација – држава, тогаш треба да имаме меѓусебно разбирање за ваквиот статус.

За другиот да го посакуваме она што го посакуваме за себе. Само тогаш ќе има траен мир, рече таа.