дома Македонија СИЛЈАНОВСКА: Среде ноќ, небape во полициcka држава, во името на уставот, го...

СИЛЈАНОВСКА: Среде ноќ, небape во полициcka држава, во името на уставот, го згaзи уставот

Довчерашниот министер за внатрешни работи, сегашен технички премиер, среде ноќ, небаре во полициска држава, во името на уставот, го згази уставот. секој од нас има право на себе (само)идентификација, па и министерката. никој не може да и нареди како ќе ја именува држвата, реагира универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата реакција на Силјановска Давкова:

Полициската држава во диктаторски стил воведува вербален деликт?

Довчерашниот министер за внатрешни работи, сегашен технички премиер, среде ноќ, небаре во полициска држава, во името на уставот, го згази уставот. секој од нас има право на себе (само)идентификација, па и министерката. Никој не може да и нареди како ќе ја именува држвата.

Не кажа кој член од уставот го прекршила министерката мизрахи, затоа што таков нема . не кажа кој член од преспанскиот договор го прекршила министерката, затоа што не поминале пет години, ниту е отворено барем едно поглавје во преговорите.

Таблата е наследство на мила царовска.

Вечерва авторитарниот режим ќе добие диктаторска боја ако пратениците ја разрешат министерката мизрахи, кршејќи го законот за влада.
Техничкиот министер воведе вербален деликт.

Пратениците не смееат да си заминат од собранието „титаник“.

Вечерва некои пратеници мора да отворат пат за идното собрание како „ ноев чун“!!, пишува универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова.