дома Свет СИТЕ ЈА ЗАБЕЛЕЖАА:Каде води „тајната“ врата во канцеларијата на Трамп

СИТЕ ЈА ЗАБЕЛЕЖАА:Каде води „тајната“ врата во канцеларијата на Трамп

Новиот американски претседател Доналд Трамп неодамна ја прими во Белата куќа британската премиерка Тереза Меј. Она што на многумина им падна во очи откако беа објавени фотографиите од оваа посета беше тајната врата во претседателската канцеларија.

По разните шпекулации кои почнаа да сешират по социјалните мрежи, Мирор објасни дека оваа врата воопшто не е тајна, туку само обезбедува побрз пристап до другите делови на Белата куќа.

Всушност постојат неколку тајни стази и тунели кои водат до овој овален кабинет.

– Во овалната канцеларија има два влеза, три прозорци и уште две врати/прозорци и две скриени врати, објаснува архитектот Дејвид Гил.