January 30, 2023, 9:41 am

Сите ја правиме оваа грешка – експерти објаснуваат за тоа колку е штетно спиењето покрај телефон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во современиот свет, вообичаено е луѓето да ги користат своите телефони пред спиење, па дури и да ги држат под перница за време на спиењето. Но, колку е опасно за вашето здравје да спиете со мобилен телефон до вас?

На почетокот на ерата на мобилните телефони, многу лекари и научници сугерираа дека зрачењето што го емитуваат овие уреди може да придонесе за развој на рак. Сепак, докази за поддршка на оваа теорија никогаш не се пронајдени.

Пред да излезат на пазарот, денешните паметни телефони се подложени на опсежно тестирање за да ги добијат потребните безбедносни сертификати.

Во секој случај, треба да се биде внимателен, особено навечер, смета Антон Јастрепчев, директор на лабораторијата „Екоспејс“, компанија посветена на грижата за животната средина, пишува Спутник мундо.

„Треба да се напомене дека штетата предизвикана од телефоните сѐ уште не е целосно проучена. Општо правило е да не спиете гушкајќи го гаџетот. Не ставајте го под перницата или до креветот“, вели инженерот за Спутник.

Според Јастрепчев, повеќето уреди се сертифицирани за изложеност на растојание од половина метар. На оваа дистанца, нивното влијание врз здравјето е минимално. Од таа причина, се препорачува да не го држите телефонот близу до главата, нагласува тој.

Исто така, специјалистот препорачува употреба на безжични слушалки за да се избегне интензивен контакт на телефонот со главата.

„Ако зборувате многу по телефон, можете да го држите телефонот дури и на маса – телефонот нема да ве зрачи, слушалките ќе зрачат, но тоа зрачење нема да предизвика никаква штета на телото“, објасни тој.

Јастречев нагласи дека во некои ситуации, мобилните телефони емитуваат повеќе зрачење од нормалното. Тогаш е особено важно да ги држите подалеку од главата и треба да бидете внимателни.

„Ако мобилната базна станица е далеку или врската е слаба – на пример во селата – тогаш телефонот троши многу енергија за да комуницира со базната станица и ќе емитува повеќе зрачење. Тоа мора да се земе предвид. Во такви случаи, подобро е да го отстраните од главата“, советува инженерот.

Експертот, исто така, потсети дека е особено важно луѓето со пејсмејкер да не го држат телефонот премногу блиску, бидејќи мобилниот телефон може да предизвика електромагнетни пречки и да влијае на работата на срцевиот апарат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This