дома Здравје Си Ѓинпинг знаел за епидeмијaта на kopoнавиpус уште во paните денови

Си Ѓинпинг знаел за епидeмијaта на kopoнавиpус уште во paните денови

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг знаел за епидемијата на коронавирусот неколку недели пред јавното обраќање и повикување на решителна акција за спречување на истата.

Во говорот на 4 февруари на состанокот на Постојаниот комитет на Политбирото на КК, тој изјави дека уште на 7 јануари „се обидел да придонесе за да се спречи и контролира (епидемијата) на новиот коронавирус“.

Во раните денови на епидемијата, која стана еден од неговите најголеми предизвици, тој молчеше на оваа тема. Објавувањето на говорот укажува на тоа дека високото раководство знаело за сериозноста на епидемијата неколку недели пред заканата да се објави во јавноста. Властите објавија дури кон крајот на јануари дека вирусот може да се пренесе од личност до личност, а потоа почна да се зголемува вознемиреноста во општеството.

Во својот говор, тој вели дека наредил да биде блокиран епицентарот: „На 22 јануари, со оглед на брзото ширење на епидемијата и предизвиците на превенција и контрола, јас јасно и недвосмислено побарав од покраината Хубеи да воведе сеопфатни и ригорозни мерки за контролирање на протокот на луѓе”.

На 23 јануари Вухан стана првиот град што воведе забрана за проток на луѓе и возила.

Објавувањето на неговиот говор даде причина да се верува дека власта сака да покаже дека дејствувала одлучно од самиот почеток, но се претстави себеси подложна на критики бидејжи општата јавност не била информирана уште од самиот почеток.