дома Македонија СИ ЈА ВРАБОТИЛА И СЕСТРА СИ: Aнтиkopупциска го истражува вработувањето на сестрата...

СИ ЈА ВРАБОТИЛА И СЕСТРА СИ: Aнтиkopупциска го истражува вработувањето на сестрата на Катица Јанева

Комисијата за хартии од вредност има пет дена да ги достави до Државната комисија за cпpечување на kopупцијата сите информации за вработувањето на Лиле Делиџакова, сестра на Катица Јанева, која е потпретседателка на Комисијата за хартии од вредност.

Од ДКСК за  мкд.мк велат дека испратиле барање до Комисијата за хартии од вредност и дека од таму чекаат документација за вработувањето на Делиџакова. Ова барање е испратено на почетокот на декември, а од таму имаат 15 дена рок за да ја достават целата документација.

ДКСК ќе треба да ја разгледа документација и ако не е потребно ништо дополнително, ќе биде донесена одлука во врска со оваа претставка.

Во Гевгелија Делиџакова беше позната како сопственичка на фризерски салон, а потоа неколку години и како службеник во царината и фармацевтската компанија „Реплек”.