дома Македонија СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО: Јавното претпријатие служело за собирање политички...

СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО: Јавното претпријатие служело за собирање политички поени и „средување“ партиски кадри!

Градоначалникот на Делчево од СДСМ Горан Трајковски со скандалозна изјава во интервју за локална телевизија од неговиот регион.

Во неговото интервју тој изјави дека е точно оти Јавното претпријатие „Комуналец“ се користи за згрижување на партиски кадри и прибирање на гласови од страна на градоначалникот (тој е градоначалник) и дека тоа не може да престане. Според него партизацијата врвела а под негова власт и понатаму ќе врви.

-Од политичка гледна точка Јавното претпријатие ни е секогаш десна рака на градоначалникот. На сите градоначалници, независно од која власт припаѓаат. Го користат јавното претпријатие како механизам и за добивање на гласови и за средување на партиски кадри и така натаму. Ова врви и ќе врви, ние не можеме да го сопреме никако. – рече Горан Трајковски во интервјуто.

На социјалната мрежа Твитер, граѓаните ја прашуваат власта од каде ги „црпнала“ ваквите кадри.

Инаку, изјавата на Трајковски доаѓа по вчерашната изјава на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој кажа дека не е крај на свет што ја партизира општината и поставува партиски кадри на функции.