дома Македонија СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ: Сами од себе ќе се решат проблемите...

СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ: Сами од себе ќе се решат проблемите со откупот.

Земјоделците кои се занимаваат со производство на лубеници, и праски се на самиот раб на егзистенција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од ВМРО-ДПМНЕ.

На терен се случува вистински крах на откупот, а Министерот за земјоделие Николовски им порача дека сами од себе ќе се решеле проблемите со откупот.

Ваквата изјава преставува навреда и сол на раните на земјоделците. Ова значи дека земјоделците се препуштени сами на себе и се без поддршка од владата.

Ваквиот индолентен однос нема да ги реши проблемите и е потребен поголем активизам од владата и министерството и нудење на конкретна поддршка на земјоделците.

До сега ниту една мерка која ја предложи Николоски не се спроведе и небеше конкретен одговор на потребите на земјоделците. Земјоделците полека но сигурно наместо партнер, добиваат противник во Владата.