СКАНДАЛ: Во ДБКИ вработувани луѓе без безбедносни сертификати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува уништувањето на безбедносниот сектор на државата и самоволието на власта. Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ), Стојан Славески, си вработил негови блиски лица во ДБКИ без претходно за нив да бидат извршени безбедносни проверки и да добијат безбедносен сертификат, како што налагаат законите

Се чини дека за Славески, кој важи за кадар на Радмила Шеќеринска, поважна е партиската подобност отколку безбедносната подобност на лицата кои ги вработува, како што може да се види од сликата подолу, која е јавно истакната на социјалниот профил на едното лице кое е вработено надвор од секаква процедура. Можеби ова не треба да изненадува премнгу, затоа што ако се види профилот на Славески, ќе се забележат безброј партиски кореографии, а секој негов настап во улога на државен функционер е уредна забележан и на страната на Либерал Демократската партија, во која пребега од неговата матична партија СДСМ.

Исто така, мора да се напомене дека овој човек, Славески, беше во центарот на уште еден голем скандал со безбедносни сертификати, кадешто вклучени беа и Шеќеринска и раководителот на Военото Разузнавање. Имено, човекот кој Радмила го постави за раководител на военото разузнавање, повеќе од пет години не можеше да добие безбедносен сертификат, а Славески по назначувањето за директор на ДБКИ, му го издаде за помалку од една недела.

 

Ваквото незаконско постапување и манипулацијата со безбедносните сертификати е сериозно прекршување на безбедносните процедури и мора да биде истражено од надлежен орган. Дополнително, Славески е потписник и на НАТО и ЕУ безбедносните сертификати кои ги издава нашата држава, и се поставува прашањето дали со неговите постапувања по партиска директива или лично самоволие, не ги нарушува позициите на Република Македонија со партнерите, и дали тие се свесни каков човек е надлежен да се грижи за безбедноста на нивните класифицирани документи, ако тој во сопствената институција каде што директорува работи вон сите безбедносни процедури?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This