дома Актуелно СКАНДАЛ ВО ТЕАРЦЕ: Оливер Спасовски го преселил МВР во Теарце да му...

СКАНДАЛ ВО ТЕАРЦЕ: Оливер Спасовски го преселил МВР во Теарце да му помага на Шилегов!

Со службено возило на Министерството за Внатрешни Работи, министерот Оливер Спасовски во кампања во Теарце.

Фотографиите до кои стигна „Вечер“ го покажуваат службениот Ленд Ровер на Спасовски со кои на државна сметка, генералниот секретар на СДСМ си тера кампања за прегласувањето во Теарце.
Во селото е и заменик министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој држи говор во дворот на една џамија пред најрадикалните албанци од Теарце.

Засилување пристигнало и од портпаролот Петре Шилегов, кој заедно со Спасовски и Самка Ибраимовски отишол на намаз во џамијата во Теарце, каде што, според коментарите на македонците од селото – сигурно му се молат на Алах.
Граѓаните кои ја доставија фотографијата од службеното возило на Спасовски, велат дека Македонците од Теарце се обединети и успеваат да ги блокираат сите обиди на СДСМ да го потплаќа населението.

– Ова создава паника кај СДСМ, па сега не бираат средства и начин, затоа со државни пари прават се да направат фалсификат во теарце – велат тие.