дома Македонија СКАНДАЛ И ВО ГРАД СКОПЈЕ: Градската администрација го злоупотребува името на раководителот...

СКАНДАЛ И ВО ГРАД СКОПЈЕ: Градската администрација го злоупотребува името на раководителот на секторот за сообраќај кој загина во сообраќајката кај Ласкарци

На повидок е нов скандал во градската админстрација, откако „избраниците“ на Петре Шилегов злоупотребувајќи го името на трагично загинатиот Зоран Давидовски доставиле предлог програма за сообраќај пред советниците во Советот на градот Скопје

 

Зоран Давидовски, човекот кој трагично го загуби својот живот во сообраќајната незгода кога автобус на компанијата „Дурмо Турс“ излета од патот, е жртва и на градската администрација која злоупотребувајќи го неговото име презентирале програма за сообраќај пред советниците од Советот на град Скопје.

Иако несреќата се случи во фебруари годинава, на предлогот за сообраќај стои неговото име а програмата е речиси идентична, односно, ископирана од програмата за минатата 2018. година. Оттука и прашањето, дали административците во градот работат нешто, или пак продолжуваат да го злоупотребуваат туѓиот труд.

Одговори оттаму, нема.