дома Европа СКАНИЈА КАЗНЕТА СО 880 МИЛИОНИ ЕВРА: Сканија и останатите производители на камиони...

СКАНИЈА КАЗНЕТА СО 880 МИЛИОНИ ЕВРА: Сканија и останатите производители на камиони ги местеле цените на камионите!

Европската комисија го казни денеска шведскиот производител на камиони Сканија со 880 милиони евра поради местење цени.

Комисијата наведе дека, Сканија 14 години договарала со други производители за цени на камиони како и поради пренесување трошоците за нови технологии за пониски емисии на гасови на потрошувачите.

Сканија е казнета откако останатите од картелот МАН, ДАФ, Дајмлер, Ивеко и Волво/Рено постигнаа договор за подмирување со ЕК, додека Сканија тоа го одби.

Европската комесарка за конкуренција Маргет Вестагер изјави дека со денешната одлука е завршена истрагата водена 14 години. Таа додаде дека картелот производители на камиони влијаел на голем број превозници во Европа откако беше установено дека девет од 10 средни и тешки камиони продадени во Европа ги прават Сканија и другите производители од картелот.